Кортни Кардашијан (44) е бремена. Таа и нејзиниот нов сопруг Тревис Баркер (47) го очекуваат своето прво дете.
44-годишната реалити ѕвезда ја откри радосната вест додека на сцената настапуваше Blink-182, со Тревис. Во рацете држеше транспарент на кој пишуваше „Тревис, бремена сум“.
На видеото кое таа го објави веќе се гледа зголемениот труднички стомак. Тревис, откако го видел транспарентот, излегол од сцената за да ја прегрне и бакне сопругата.
Кортни веќе има три деца со поранешниот партнер Скот Дисик, а Тревис има две деца со поранешната сопруга Шана Моаклер.
Кортни и Тревис се венчаа три пати минатата година. Првиот пат во Лас Вегас, потоа направија граѓанска венчавка во САД, а потоа организираа раскошна венчавка во Портофино. Баркер ја запроси Кортни во октомври 2021 година на плажа во Монтесито, Калифорнија.