Хрватската пејачка Северина Којиќ веќе извесно време планира да го откачи Игор Којиќ затоа што тајно се гледа со еден хрватски моќник, наведува српски Телеграф. Имено, како што тврди извор од Хрватска близок до Северина, снаата на Кеба ужива покрај постар бизнисмен од Сплит кој има врска и со политика.
-Северина и Игор веќе долго време имаат криза во бракот, затоа што пејачката тајно се гледа со еден сериозен бизнисмен и политичар, доста уважуван во тамошните кругови. Пејачката на сите начини се обидува без драма да излезе од односот со Којиќ за да комплетно и се посвети на врската со бизнисменот од Сплит, меѓутоа и самата знае каков публицитет тоа би имало во јавноста. Особено што малиот Кеба нон- стоп и е на услуга и ја следи на сите настапи од каде објавува фотографии и снимки како да и е менаџер и се труди да и помага на секоој можен начин. Секако ќе наиде на осуда што го изневерила и на крајот го оставила“, открива соговорникот од Хрватска.
Од друга страна, неодамна низ белградските кулоари се пренесе веста дека српската снаа Северина Којиќ му се замерила на свекорот Драган Којиќ Кеба кога не се појавила на семејната слава во Лозница. Наводно, фолкерот тогаш смртно се налутил што Северина не го испочитувала.
-Коебе тогаш коментираше дека неговата слава можеби не е на „нејзино ниво“, па затоа го избегнува неговото семејство. По се Северина не стапнала ниту во неговата куќа во белградската населба Бежаниска коса“, тврдат упатените.