Српската пејачка Весна Змијанац (66) мора итно да оди на операција на срцето. Како што пишуваат српските медиуми, на крајот на неделата ѝ е закажана интервенција во болницата во Белград, откако неодамна нагло ѝ се влошила здравствената состојба.
Весна во последно време не се чувствува добро. Имаше чести аритмии, а притисокот ѝ беше превисок, и до 250. Затоа и закажа преглед, при што лекарите утврдиле дека мора што поскоро да ѝ се монтира бајпас, открива извор близок до семејството.
Таа ги откажа сите настапи наредните месеци.