Верица Пандиловска: Ме мотивира успехот на младите

Денот ми започнува околу 8 часот. Јако турско кафе ми е дел од утринскиот ритуал.Секогаш го пијам со сопругот.Во однос на тоа дали имам обврски околу некој проект е и мојот работен ангажман. Сакам акција, но најважноод сѐ сакам реализација на сѐ што ќе ставам на дневен ред. Уште од претходната вечер си правам план за следниот ден во кој што запишувам што треба да реализирам. Како пиар организирам сѐ во рамките на Европскиот Институт за менаџмент, право и дипломатија, како во Македонија така и надвор. Главно, тоа се промоции и едукации, односно обуки на менаџменти на компании, општини, градинки, но и на студенти.

Ме мотивира убав сончев ден, добра и позитивна мисла. Ме мотивира и успехот на млади луѓе, позитивна енергија, насмеани лица. Сакам да слушам за успеси и резултати со кои светов утре може да биде многу подобар од денес.

Целото интервју со Верица пандиловска прочитајте го на ЖенскиМагазин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e