Луна Џогани, откако победи во „Задруга 2“, започна и музичка кариера, а нејзиниот прв сингл „9 круг“ е снимен во студиото на Дарко Димитров.
Потоа, издаде уште една песна, а развојот на нејзината музичка кариера многумина го споредуваат со оној на Анастасија Ражнатовиќ, со која Луна некогаш беше другарка.
Но, брат ѝ на Анастасија, Вељко, баш и не се согласува дека нивните кариери се движат по слична линија. Тој се налутил на коментар дека „Луна има икс-фактор за кој Анастасија може да сонува“.
„Резултатите се доказ на успехот и Господ гледа сè. Гледаме каде е Анастасија Ражнатовиќ без икс-факторот и каде е симболот на српската сцена Светлана Ражнатовиќ. На Луна ѝ посакуваме успешна кариера од срце. А другите, вратете се во реалноста“, напиша тој.