Вељко и Богдана ги отворија пликоата: Еве колку пари добија на подарок

Најголем дел од подароците младите Вељко и Богдана ги добија во плико, а секако, дојде и моментот свадбените дарови да се „пребројат“.

Според српските медиуми, младиот брачен пар Ражнатовиќ од својата свадба „заработи“ помеѓу 300.000-350.000 евра, а веќе и имаат план на што ќе ги потрошат парите.

Во пликоата имало подароци од 500, па до 2000 евра, а добиле и други вредни предмети. Цеца дошла да помогне во броењето на парите, кога младите сфатиле дека се работи за доста голема сума.

Како што наведуваат српските медиуми, ваквата „заработувачка“ била и повеќе од очекувана, бидејќи Цеца секогаш кога оди на свадба богато ги дарува младенците, па истото било сосема нормално и за свадбата на нејзиниот син.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e