Откако коцкастите ја победија Англија, Северина со порака до Хрватската фудбалска репрезентација „Бравооооо, ви честитам од се срце на целата репрезентација на храброста и истрајноста. Така се станува светски првак. Нека нека биде така и во недела“, напиша Северина.
„Екипата која игра најубав фудбал на Светското првенство 2018 година“, напишал Игор Којиќ на чиј пост и ставил емотикон и ги тагнал Матеј Ковачиќ и Лука Модриќ.
Ниту Северина не одолеа на фудбалската еуфорија која завладеа поради натперварот помеѓу Хрватска и Англија, па поддршка на фудбалерите им даде преку снимка од пречекот на Хрватската репрезентација кој што се случил пред 20 години.
„На денешен ден пред 20 години ја победивме Холандија на Светското првенство и освоивме трето место. Ова е пречекот на Хрватската фудбалска репрезентација во ’98 година. Гледајќи ја оваа снимка, чувствувам чест и гордост што ја одбраа „Девојку са села за њихову химну“, напишала пејачката на Инстаграм, присетувајќи се како тогаш изгледала прославата на сцена со екипата кога заедно на сцената го запеале тогашниот хит на Северина.
Победата на Хрватска над Англија е дополнителен стимул за сите Хрвати, веруваме дека и во недела ќе ги следи среќа покрај добрата игра, па Хрватска ќе биде светски шампион. А тоа ќе биде дополнителен мотив за Северина на 27 -ми јули во Охрид да направи концертен спектакл за кој ќе се прераскажува. Како организатор на концертот се потпишува БМЈ Медиа Груп, а билетите може да ги најдете преку продажната мрежа на mktickets, Градскиот плоштад во Скопје и Градскиот плоштад во Охрид.