Познатата пејачка Шакира (46) и холивудскиот заводник и актер Том Круз (60) биле забележани како се забавуваат на трките во Формула 1 во Мајами. Според американските медиуми, од тој момент, Круз наводно ја опсипувал пејачката со подароци и цвеќиња со надеж дека ќе ја освои.
Во меѓувреме, таа е фотографирана како се качува на луксузната јахта на возачот на Формула 1 Луис Хамилтон (38), пред нејзината вила на брегот на Мајами вредна 20 милиони долари.
Освен нив двајца, на пловилото биле видени и блиски пријатели на возачот на Формула 1.
Според пријателите на Шакира, таа не е заинтересирана за холивудската ѕвезда, ниту за каква било врска:
– Том е навистина фин и таа уживаше во негово друштво, но во моментов таа не е фокусирана да излегува и да се забавува со него, ниту со кого било друг. Таа во моментов е посветена на многу обврски, а синовите и кариерата ѝ се на прво место. Шакира видела дека на социјалните мрежи се појавила веста за нивната наводна љубов, но сето тоа ѝ беше смешно бидејќи не е вистина – изјавил близок пријател на познатата пејачка.
Шакира и Круз се состанале минатиот викенд на трките во Формула 1 во Мајами, и наводно меѓу нив летале искри. Сепак, нејзините обожаватели се поделени. Некои веруваат дека Шакира и Том би биле совршен пар, додека други сметаат дека таа треба да бега од него со оглед на неговите религиозни убедувања и припадноста на скиентолошката црква.
Од друга страна, според наводите, на колумбиската пејачка повеќе ѝ се допаѓа Хамилтон со кого беше на крстарење. Дали на повидок е нова љубов или само пријателско дружење, засега не е јасно.