Тијана Дапчевиќ им одговори на хејтерите на критиките: „Не може сите да имаат керамика“

Пејачката Тијана Дапчевиќ откри дека многу корисници на социјалните мрежи ја критикуваат поради нејзините заби и велат дека треба што поскоро да ги среди.

Дапчевиќ овојпат одлучила да одговори на негативните коментари.

„Забележав дека имате неопислива потреба да ми пишувате: ‘Тијана, среди ги долните заби’. Е па, сега, тие моите долни заби се мој заштитен знак. Значи, тие моите нерамни, неправилни долни заби се заштитен знак. Проблемот е во тоа што многу често ми се создава забен камен и понекогаш изгледа како да немам заби, како тоа да е страшно“, вели пејачката.

Тијана додава дека ја сака својата „неправилност“ и замоли да ја остават да биде „неправилна“.

„Не може секој да има бели заби А1, керамика Младеновац, извинете. Ги сакам моите неправилни заби, само се криви, ништо друго. Оставете ме намира“, заклучува таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e