Српската пејачка , популарната „кралица на бакшишот“ Теа Таировиќ била уапсена на аеродромот во Германија. Според српски „Блиц“, пејачката набрзо била и ослободена.
Според „Телеграф“, Теа Таировиќ била уапсена од финансиската инспекција на аеродромот во Германија, но како што дознава „Блиц“ набрзо била пуштена на слобода.
– Беше видно збунета и малку исплашена, видов како ја приведуваат – изјавил изворот за „Телеграф“.
Според шпекулациите, локалните власти би можеле на младата пејачка да и забранат влез во земјата до понатамошно известување.
Инаку, пејачката викендов имала „тезга“ во Германија.