Тамара Тодевска вели дека никогаш не ја прекинала врската со архитектот Лука Радовиќ, откако по заедничките слики кои ги избриша од нејзиниот инстаграм-профил многу медиуми објавија дека не се веќе заедно.
Поп-пејачката објави заедничка слика на нејзиниот инстаграм-профил со која му честита роденден на Лука со порака: „Те бирам тебе. Денес, утре и засекогаш. Среќен роденден љубави“.

Тодевска кусо изјави дека таа и нејзиниот партнер никогаш не ја прекинале врската.
„Немам што да кажам повеќе. Се гледа сѐ на сликата. Никогаш не сме престанале“, ни рече пејачката.
