Крадци наводно украле накит вреден 50 милиони фунти од домот на Тамара Еклстоун.
Ќерката на екс шефот на Формула 1, Берни Еклстоун, е „потресена и лута“ по кражбата која се случила во петокот.
Според весникот „Сан“, биле украдени меѓу останатото, прстени, обетки и „Картие“ нараквици во вредност од 80.000 фунти, кои се добиени како свадбен подарок.
Уште никој не е уапсен, но се трага по три лица, соопшти лондонската полиција.
„За жал, можам да потврдам дека дошло до кражба во куќата. Обезбедувањето соработува со полицијата “, рече портпаролот на семејството Еклстоун.
„Тамара и семејството се добри, но очигледно се лути и потресени од инцидентот“, додава тој.
Детективот Метју Понтни изјави дека полицијата ја повикала „обезбедувањето на објектот“ и пријавиле де „тројца мажи провалиле на имотот“.
Тој додаде дека осомничените веќе избегале пред да биде повикана полицијата и дека ќе спроведат „брза истрага за пронаоѓање на осомничените, но и на исчезнатите предмети“.
Портпаролот на полицијата претходно изјави дека „било објавено дека е украден е накит со висока вредност“.
Еклстоун купи куќа со 55 соби во Кенсингтон во 2011 година за 45 милиони фунти, според списанието „Форбс“.
Потрошила милиони за реновирање на имотот, кој сега има „бања со амазонски кристали, приватен ноќен клуб, куглана, подземен базен, салон за убавина, спа за кучиња и лифт за автомобили“.