Пејачката Анастасија Ражнатовиќ го загуби бебето, а тажната вест ја сподели нејзиното момче, фудбалерот Немања Гудељ.
Имено, фудбалерот побарал приватност бидејќи не сакаат да даваат изјави на оваа тема и истакнал дека ова е многу болен момент за нив.
– Со вас споделивме добра вест и бевте со нас со сето срце, честитки и пораки. Благодарам за тоа. За жал, сега имаме лоши вести, но знаеме дека ќе ја имаме вашата поддршка и разбирање дека не сакаме да зборуваме за тоа. На наша голема тага, Анастасија и јас го загубивме нашето бебе. Ова е болен момент за нас, но нашата љубов ќе го надмине и ова – напиша фудбалерот на својот Инстаграм профил.