Во текот на летотот најпопуларните пејачи заработиле огромни суми пари од настапите, а рекордер меѓу нив е Саша Матиќ.
Саша Матиќ со години е најбараниот машки изведувач. Летово одработил 30 настапи, а до крајот на месецов го чекаат уште пет. Неговиот хонорар е 13.000 евра, па така Матиќ летото ќе го испрати побогат за 455.000 евра, пишува Курир.рс.
Цеца Ражнатовиќ е позната по тоа што не настапува секој викенд и што нејзините тезги се значително поскапи од настапите на останатите колеги. Таа летово настапила само петпати и за тоа иннкасирала 255.000 евра.
Лепа Брена летово имала 12 големи концерти, а нејзиниот просечен хонорар е 20.000 евра, што значи дека е побогата за 240.000 евра.
Аца Лукас за 24 настапи добил по 12.000 евра или вкупно заработил 288.000 евра.