Спенџарска откри која е нејзината животна желба

Не сонувам дека треба да се омажам… или да имам деца што побрзо, истакна познатата македонска водителка, Јелена Спенџарска.

„Мислам, се е тоа убаво ако ми се случи спонтано и во свое време ама моментално не е мојата животна желба.
Повеќе посакувам да бидам финансиски независна и да можам да го прошетам светот. Да ја изрентам секоја куќа која ќе ми се допадне и да живеам во неа се додека ми е убаво таму.
Не сонувам ни за венчаница! Никогаш ја немам ни замислено како ќе изгледа или како ќе стои на мене. Можеби повеќе се имам замислено во комбинации кои ќе ги носам кога сум опкружена и работам со деловни луѓе кои мотивираат со своите бизнис идеи и ја живеат својата финансиска слобода !

Генерално, не сонувам за ништо за кое ме научиле дека треба да сонувам. Моите соништа се само мои. Не ни очекувам другите да имаат исти како моите и веќе ми е смачено да гледам како на жените им се продаваат една те иста приказна.
Не има толку многу жени, има толку многу соништа за секоја од нас…. време е да престанеме да сонуваме еден ист!!!!“, потенцираше Спенџарска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e