Некогаш мегапопуларната женска група Спајс грлс“ по 11 години пауза повторно се враќа на свестката музичка сцена.
Членката на групата Мел Б го најави повторното обединување на групата „Спајс грлс“.
Таа не откри детали од проектот на кој работат, но вели дека ќе се соберат сите девојки, вклучувајќи ја и Викторија Бекам, потврди Мел Б за „The Sun“.
Ова ќе биде нивно прво обединување по 11 години, од нивниот легендарен настап на церемонијата на затворање на Олимписките игри во Лондон во 2012 година.
Сопругата на славниот фудбалер Дејвид Бекам, Викторија не сакаше да им се придружи на своите колешки на нивната турнеја во Велика Британија во 2019 година. Во тоа време, таа рече дека е премногу зафатена со нејзиниот бренд за облека.
– Мојата теорија е дека нешто ќе се случи ако го повторам доволно пати. Планираме да објавиме соопштение. Што е во прашање, не можам да кажам во моментов бидејќи само ги финализираме последните договори за заедничка работа, сите пет Спајси. Сè што можам да кажам е дека тоа ќе биде нешто што фановите навистина ќе го сакаат“, вели Мел Б.