Една од најпознатите старлети во регионот Сораја Вучелиќ се бори за живот, како што јавија локалните медиуми. Старлетата во саботата доживеала страшна сообраќајна несреќа на границата со Албанија и е во тешка состојба.
Вучелиќ наводно имал скршеници на ребрата и внатрешно крварење.
Поради ова таа вчера од Албанија била префрлена во Хрватска на итна операција.
– Лекарите од саботата се борат за животот на Сораја. Веднаш по несреќата била префрлена во приватна клиника во Албанија каде и била оперирана. Сепак, вчера состојбата и се влошила и почнала внатрешно да крвари. Семејството и пријателите решиле да ја префрлат во Хрватска на нова операција – раскажува за Информер извор близок на старлетата и објаснува што всушност се случило во кобната сабота.
– Сораја со пријателка замина од Косово за Албанија. Таа управувала џип „мерцедес“ во кој удрило комбе. Од силината на ударот Сораја за малку ќе прелетала низ возачкото седиште. Таа со градите удрила во воланот при што и ги скршила ребрата и ги повредила внатрешните органи.