Сораја на својот профил на Инстаграм најчесто објавува фотографии и сними од своите луксузни патувања, шопинзи и излегувања со пријателите.
Но, овојпат ги изненади своите следбеници со нешто сосема различно. Таа откри дека умее да се снајде и во кујната, а особено силна страна ѝ се десертите.
Сораја објави фотографија од тортата која сама ја направила, со чоколадо и малини и напишала „Мојата прва торта“.
Очигледно, старлетата знае многу повеќе од шопинг и патувања.