Актерката Софија Вергара важи за една од најубавите и најзгодните жени во светот.
Таа денеска го слави својот 51 роденден, а вчера „прослави“ и 30 милиони следбеници на Инстаграм.
По тој повод таа ги израдува сите со своја фотографија во едноделен, жолт костим за капење.
Актерката уште еднаш ја покажа својата извајана фигура и воодушеви многумина, а во коментарите ѝ порачаа дека изгледа барем половина од својата возраст.