Софија Вергара открива пет работи кои мажите мораат да ги знаат за жените

Актерката Софија Верaгра е една од најсексaпилните жени во светот и открива пет работи кои мажите, едноставно, мораат да ги знаат за жените.

sofia-vergara-759
Прочитајте ги советите на Софија за сексот, плаќањето сметки во ресторан, подароците…

Првиот впечаток води во кревет
„Штом ќе запознам маж, знам дали сакам да правам нешто секси со него.Никогаш не ми се случило некој сексуално да ме привлече шест месеци откако сум го запознала. После првото излегување јасно ми е дали тука има хемија или не – потоа само се обидувам да сфатам каква личност е“.

Не не привлекува одреден тип на маж
„Ми се допаѓале ниски фраери, сега ми се допаѓаат високи. Сум била и со типови кои не биле во форма и со оние кои биле, сум излегувала со привлечни и со неугледни мажи. Мажот може да биде интересен – а не совршен. Сексипилот нема врска со вајаното тело или убавото лице. Сексипилот е одлика“.

Сакаме подароци, но мразиме изненадувања
„Мажите се навредуваат кога на жената ќе и купат нешто скапо а таа тоа не го носи. Поштедете се од стрес и – прашајте. Одговорот би можел да биде:’Знаеш што? Само што купив обетки и со задоволство би ја носела оваа нараквица’“.

Сакаме кога плаќате
„Не знаев дека постои варијанта по излегувањето секој да си ја плати својата половина од сметката – се додека не дојдов во САД. Бев шокирана:’Тукашните мажи го прават тоа!’ Моите момци во Колумбија би добиле нервен слом да се обидев да платам“.

Спротивностите всушност не се привлекуваат
„Не можете да бидете со лице кое е потполно различно од вас.Јас сум Латиномериканка, врискам и многу е лесно да ме налутите. Ми треба карактерен маж кој е на мое ниво“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e