Скандал: Бијонсе е обвинета за црна магија, прислушување и убиство на домашни миленици

Поранешната тапанарка Кимберли Томпсон која работеше седум години за Бијонсе, ја обвини пејачката за црна магија, прислушување и убиство на домашни миленици.

Томпсон побара забрана за пристап и во тужбата тврди дека Бијонсе прави сé за да и го уништи нејзиниот живот и за таа цел користи црна магија, пишуваат странските медиуми.

Таа тврди дека пејачката на мега хитот “Crazy in love” ја прислушкува и ги контролира нејзините финансии.

Меѓу бизарните тврдења, Томпсон вели дека музичката ѕвезда го убила нејзиното маче.

Судијата кој работеше на овој случај го одби барањето на Кимберли Томпсон за забрана за пристап.

Бијонсе не го коментираше овој случај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e