Сите жени полудеа по црното одело до Моника Белучи

Долгото струкирано сако и широки панталони во комплет со проѕирен корсет и со високи потпетици на платформа, ја истакнаа целата убавина на Моника Белучи.
Иако има веќе 55 години актерката е најгламурозна жена во светот. На еден јавен настан во Италија таа се појави во црно одело со корсет од тантела и ги покажа своите совршени облини. Струкираното сако и долгите широки панталони го ублажија секси изгледот и направија да изгледа ултра модерно.

Нејзината секогаш модерна фризура одлично ги нагласи очите, а сребрените обетки ѝ дадоа младешки изглед.
Актерката веќе подолго време не е видена со своето момче Николас Лефевр (36), па се претпоставува дека нејзината нова фризура е резултат на самечкиот живот. На новинарско прашање дали размислува за повторна мажачка, Моника одговори: „Кога зад себе имате два брака, морате повеќе да размислувате за да сфатите што се случило да дојде до развод. Да речеме сега сум во фаза на учење“.

моника

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e