Шерон Стоун: Судијата го праша моето дете дали знае дека неговата мајка снима филмови за секс

​Шерон Стоун вели дека го изгубила старателството над своето дете поради голотија во „Сурови страсти“.

Актерката во подкастот „ Table for Two“ со Брус Бози изјави дека култниот трилер ја направил позната, но и ја уништил бидејќи го изгубила старателството над нејзиниот син Роан повеќе од 10 години по објавувањето на филмот.

-Го изгубив старателството над моето дете. Судијата го праша моето дете, моето малечко, малечко момче: „Дали знаеш дека мајка ти снима филмови за секс?“. Тоа беше злоупотреба од системот и испрашување каква мајка сум поради улогата во филмот – изјави актерката.

Таа исто така додаде:

– Луѓето сега се појавуваат целосно голи на редовната телевизија. Видовте можеби помалку од половина секунда од мојата потенцијална голотија и поради тоа го изгубив старателството над моето дете.

Таа тврди дека дури и мажите не сакале да излегуваат со неа поради филмот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e