Колумбиската пејачка Шакира се појави пред судот во Шпанија во четвртокот поради обвиненијата за затајување данок, а обвинителите велат дека пејачката не платила 14,5 милиони евра данок на добивка, што го заработила меѓу 2012 и 2014 година.
Шакира пристигна во судот во близина на Барселона влегувајќи на задната врата, со што ги заобиколи многуте медиуми на главниот влез.
Обвинителите ги поднесоа обвиненијата во декември минатата година за времето кога Шакира живеела во Каталонија, но претставникот на пејачката рече дека таа не живеела во Шпанија до 2015 година и дека ги намирила сите даночни обврски.
Шакира (42) е во брак со фудбалерот на Барселона, Жерар Пике, од 2011 година и имаат две деца.