Во изминатата година пејачката Шакира и фудбалерот Џерар Пике ги изненадија сите со објавата дека се разделуваат по 12 години врска во кои ги добија синовите Милан и Саша.
Како главна причина се споменуваше прељубата на Пике, а набрзо беше фотографиран со нова девојка. Во последно време се зборува дека пејачката си нашла и нова љубов и дека ужива со 24-годишниот инструктор по сурфање. Сепак, таа за ова не се огласи.
Шакира преку Инстаграм им ги честиташе празниците на сите свои следбеници, а нејзините зборови привлекоа големо внимание.
„Иако нашите рани сè уште се отворени во оваа нова година, времето лечи сè. Дури и ако некој не изневерил, ние мора да продолжиме да веруваме. Соочени со презир, продолжете да се цените себеси, бидејќи има повеќе добри луѓе отколку груби. Има повеќе емпатични отколку бесчувствителни луѓе. Помалку од нив заминуваат, а повеќе остануваат покрај нас“, започна пејачката.
„Нашите солзи не се трошат, тие ја наводнуваат земјата на која ќе се роди иднината и не прават подобри луѓе, за и покрај скршеното срце да продолжиме да сакаме“, заклучи Шакира, а многумина претпоставуваа дека со ова испратила и скриена порака до Пике.