Северина знае како да им се заблагодари на фановите на Инстаграм!

Популарната хрватска пејачка Северина Вучковиќ ги почасти своите фанови на Инстаграм со секси селфи, како благодарност за тоа што стигна до бројката од 600 илјади следбеници на оваа социјална мрежа.

Во секси масилнест фустан пејачката позираше пред огледалото, а покажа дека и на 44 години е во совршена форма.

“600 илјади бакнежи и прегратки”, напиша Северина покрај фотографијата на Инстаграм, а на огледалото со кармин напиша “Сакам што се сакаме”.

Пејачката пред две години го направи својот профил на Инстаграм, а денес е една од најпопуларните јавни личности на Балканот на оваа социјална мрежа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e