На својот Фејсбук профил, популарната хрватска пејачка Северина, вечера, го објави новиот спот за песната Магија.
Режијата на динамичниот спот е на популарниот кореограф Анже Шкрубе.
-Северина и со ова видео покажа дека е најголема ѕвезда на Балканот. Одличен тим сме зашто ја разбира мојата идеја и добро се надополнуваме. Секогаш е задоволство да се работи со неа зашто е голем професионалец, со полно срце доаѓа на сет и дава се од себе, вели Анже Шкрубе