Сепак не е со Том Круз – Шакира има нова љубов?

Откако неодамна беа видени на вечера по F1 Grand Prix во Мајами, познатата пејачка Шакира и возачот на Формула 1 Луис Хамилтон повторно беа забележани заедно – овој пат како се дружат на брод. Познатиот возач во Мајами пристигнал службено, но откако ја освоил шестата позиција, во градот останал неколку дена, а во тој период уживал во вечерата со познатата пејачка и возење со брод, а таа била фатена и како ја гледа Формула 1 трката во недела – тогаш беше, додуша, во друштво на актерот Том Круз.

Веста за спојувањето на Шакира и Луис крена прашина бидејќи и двајцата се сингл – пејачката неодамна се преселила во Мајами токму поради крајот на долгогодишната врска со поранешниот фудбалер Жерар Пике, додека Хамилтон го криел приватниот живот изминатите неколку години. Неговата најпозната врска е онаа со пејачката Никол Шерцингер, со која беше седум години, но раскинаа во 2015 година. Три години подоцна во едно интервју изјави дека неговиот љубовен живот не постои, а во последните неколку години го поврзуваат со неговата физиотерапевтка Анџела Кален, која неодамна го напушти неговиот тим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e