Популарната пејачка Бритни Спирс целиот живот се бореше против сопственото семејство за неодамна да ја добие слободата по долгото старателство од нејзиниот татко. Но, проблемите не завршија тука, таа се бори и против нејзиниот поранешен сопруг бидејќи тој ги сврте нејзините синови против неа.
Очигледно, да се биде третиран како неспосебен за чување деца но и неспособна да се грижи за сама себе, толку многу години, е трауматичен настан што ќе ја „убие“ сечија психа. На Бритни Спирс очигледно ѝ е потребна помош бидејќи покажува сè понепредвидливо однесување на социјалните мрежи и во јавноста. Имаше повеќе пати во изминатиот период кога фановите стравуваат за нејзиното ментално здравје поради разголените фотографии и чудните објави на нејзините различни профили на социјалните мрежи.
Ова однесување на пејачката го провоцира и нервира нејзиниот поранешен сопруг, кој реши да ја нападне на различни јавни начини. Без разлика дали се работи за телевизиско интервју или за онлајн постирање, Кевин Федерлајн изгледа решен да продолжи да ѝ нанесува навреди, а со тоа и штета на Бритни Спирс на која најмалку ѝ требаат навреди туку помош.
Во најновиот напад, Кевин тврди дека Бритни користи таканаречена кристал мет дрога, која важи за најопасните дроги во светот. Тој додаде дека е „на штрек“ зашто во секој момент може да очекува вест за нејзината смрт.