Фолкерката Сека Алексиќ е трудна и чека второ дете. Пејачката ја потврдила убавата вест и открила дека е на почетокот од бременоста и тоа во емисијата на Иван Ивановиќ вчеравечер.
Сека и нејзиниот сопруг Вељко го имаат синот Јаков, а таа во повеќе наврати имаше изјавено дека едвај чека повторно да се оствари во улогата на мајка.