Сека Алексиќ во костим за капење го покажа трудничкото стомаче

На почетокот на јуни, Сека Алексиќ се пофали дека е бремена и повторно ќе стане мајка. Таа во бракот со Вељко го има синот Јаков, а бидејќи е во рана бременост се уште не се знае полот на бебето. Сека не крие колку таа и нејзиниот сопруг се среќни што нивното семејство ќе се прошири за нов член. Алексиќ на својот „Инстаграм“ објави фотографија со синот и сопругот како уживаат во базенот во нивниот двор. Пејачката одбра едноделен костим за капење во кафаева боја.
Под објавата се нижеа коментари од фановите.

Да бидете живи и здрави и среќни, а Господ ќе ви даде се она што сакате“, „Честитам убавице, да бидеш здрава и жива“ , „Прекрасни, многу сум среќна поради вас“… се само некои од коментарите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e