Се за синот: Цеца донесе голема одлука поради Вељко на денот на нејзиниот роденден

Наследникот на фолк дивата балканска ѕвезда Цеца, Вељко Ражнатовиќ последниве месеци ниже само победи во боксот со кој почна професионално да се занимава.

Пејачката кога и да може секогаш го бодри својот син на рингот, а овој пат бидејќи сака да биде дел од неговиот важен натпревар донесе и одлука да го одложи својот роденден и забава.

Имено Вељко денес кога Цеца полни 45 години, има важен бокс меч во Белград, а пејачката без размислување реши да го одложи роденденот.
Па така наместо денес забавата ќе се одржи на 17 јуни, а дали Цеца ќе се појави на мечот останува да видиме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e