Долгометражниот филм со звучни женски актерски имиња ќе го снима режисерот Гери Рос познат по „Игри на гладните“.
Во американските кино сали на 8 јуни 2018 година ќе почне да се прикажува женскиот spin-off на филмскиот класик „Единаесетмината на Оушан“, но во овој случај станува збор за „Осмината на Оушан“, пишува Deadline.com.
Режисерот на овој филм со звучна женска актерска екипа Гери Рос е познат по филмовите „Игри на гладните“ – авантуристичка акциона драма базирана на истоимените романи на Сузан Колинс.
Рос ги одбрал сите главни ликови во филмот. Лидерот на групата ќе биде Сандра Булок, а остатокот од тимот ќе го сочинуваат Кејт Бланшет, Ен Хетавеј, Ријана, Хелена Бонхем Картер, Минди Колинг, Авквафина и Сара Полсон.
Британската актерка Бонхам Картер уште во јуни откри дека „сценариото е одлично за жените, духовито и забавно“.
Режисерот и продуцент Стивен Содерберг ќе се обиде да ги заинтересира гледачите со приказна за женска банда која планира да изведе кражба среде Њујорк.