Тв презентерката и мис на Македонија во 1992 година, презентерката Татјана Стојановска и нејзиниот долгогодишен партнер, бизнис консултантот Михаил Китановски, во саботата стапија во брак.
На свадбата која се одржа во хотелот „Александар Палас“ присуствуваа најблиските, роднините и пријателите на двојката.
Датумот на свадбата не е случајно избран, туку симболичен. Бидејќи Татјана и Михаил почнале да живеат под ист кров точно пред десет години на истиот датум, и оттогаш се нераздвојни. На социјалните мрежи Татјана често споделува фотографии од патувањата низ различни светки дестинации каде, во слободните денови, ужива со избраникот на своето срце, кој инаку има сопствен бизнис за консалтинг.
За двајцата ова е втор брак. Татјана од бракот со фолк пејачот и новинар Благоја Грујовски има син.
-Пред точно 10 години, на 10 јуни 2013 година, Михаил ме побара за жена на нашиот прв одмор во Грција, и тогаш по неколку месеци од запросувањето, почнавме да живееме заедно. И точно на 10-годишнината од запросувањето, стапивме и официјално во брак. Регистрацијата и прославата се одржаа во хотел „Александар Палас“, заедно со нашите најблиски роднини и пријатели. Беше весело благодарение на групата „Соната“ и бисерниот глас на Кате, како и на нашите весели гости, изјавила Стојановска за „Слободен печат“.