Се огласи и вереничката на Роналдо за немилиот настан

Откако 34-годишната студентка од Лас Вегас го обвини Кристијано Роналдо за анално силување, на Инстаграм се огласи и неговата вереничка, која застанала во негова одбрана.

Кетрин Мајорга тврди дека силувањето се случило на 12-ти април, 2009-та година, во апартманот на Роналдо, во хотелот Палмс во Лас Вегас и дека Роналдо ја присилил на анален секс. За да молчи, тој наводно ѝ дал околу 375 илјади долари, откако било утврдено дека е силувана.

Роналдо ги негира сите обвиненија, нарекувајќи ги „лажни вести“ и тврди дека е среќен човек. Целосна поддршка има и од својата партнерка, Џорџина Родригез, која го следела од трибините, во саботната победа против Наполи. Освен тоа, порака за поддршка му испратила и на Инстаграм.


View this post on Instagram

No os puedo querer más 👑👑 #happyDay #❤️ @cristiano

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on

“Препреките со кои се соочуваш, секогаш ги трансформираш во импулс и секогаш имаш сила да покажеш колку си голем. Ти благодарам што поради тебе уживаме во секој натпревар. Секогаш си сѐ подобар. Те сакам”, напишала манекенката.

Италијанскиот клуб одбил да ги коментира гласините на „Дер Шпигел“, кои го обиколија светот, а адвокатот на Роналдо вели дека од нив ќе бара надоместок за „морална штета“ и тврди дека станува збор за најсериозно кршење на правилата на неговиот клиент во последните неколку години.


View this post on Instagram

Qué bien sienta un abrazo caliente cuando tienes frío❣️ #TeAmo @cristiano

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on

Уредникот на „Дер Шпигел“, Алфред Винзиерл, за „Reuters“ изјавил дека неколку пати го контактирале менаџерот на Роналдо, пред објавување на содржината. „Поставуваме прашања на кои не добивме одговор. Никој претходно не нѐ тужел за објави за Роналдо.“

Мајорга рекла дека не може да се држи до договорот за молчење, бидејќи страда од сериозни психички последици, од таа ноќ, која била пред 9 години. „Имав серизен нервен слом“, рекла за магазинот. „За силувањето го обвинувам него, но и себе, бидејќи се согласив да молчам, со тоа што потпишав договор“, додала таа.

Во меѓувреме, „CNN“ пренесува дека Мајорга и службено поднела тужба против фудбалерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e