Се огласи сестрата на Северина, ја обвини дека користи опијати

Сестрата на пејачката Северина Вучковиќ, Маријана Поповиќ, проговори за српски „Блиц“ по конфликтот со сестрата.

„Јас сум во многу лоша здравствена состојба и имам болки од ударите и повредите со остар предмет. Тоа е последица на тоа што по мојата пријава од пред неколку месеци Центарот за социјална работа и МУП Максимир во Загреб не си ја вршат работата. Доколку мојата пријава и проследените телефонски пораки ги сфатеа како закана за убиство и ѝ изрекоа забрана за приоѓање, до ова немаше да дојде“, тврди Маријана.

„Се надевам дека сега ќе реагираат професионално и според законот, за да не бидат полоши последиците. МУП Загреб, огранокот Максимир и нивните надлежни, за кои знам дека се во пријателски односи со неа, треба да разграничат каде завршува дружењето, а каде почнува работата. Ова е срамно и се извинувам на јавноста што доживува и поминува низ такви вести“, додала таа.

Таа уште еднаш ја обвинила Северина дека „користела опијати“.

„Тешко е за секое потесно и пошироко семејство во кое поединецот долго време консумира разни опијати, а не сака да прифати психолошка поддршка и лекување. Постојано напаѓање на семејството, учителките, социјалните работнички, поранешните партнери… не е нормално однесување“, тврди таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e