Не помина ниту недела дена откако Саша Ковачевиќ кога ја објави песната со наслов „Грешка“, а на трендинг се најде и неговата втора нумера „Среќна во новата љубов“.
Песна во која секој од нас се пронаоѓа и судејќи по коментарите, а и по самиот наслов на песната, таа „гаѓа“ во срце. Се навикнавме Саша за своите песни да снима и одлични спотови, па така тој и овојпат не не разочара.
Помош во продукција имал и од братот Раде, но и од старите соработници Mартин Макариев и Андреа Андреева. И овој пат, Саша овие спотови го чинеа повеќе од еден милион денари.
Како и предходниот спот, снимен е во Азербеџан, а судејќи по организацијата Баку се наметнува како сериозно светско филмско студио. Во спотот главната улога ја има домашна убавица, односно актерката и манекенка Кристина Бабјева.