Сандра Булок ќе ја расфрли пепелта на покојниот партнер на Бахамите

Сандра Булок наводно планира пепелта на својот покоен партнер Брајан Рендл да ја расфрли во море, односно во крајбрежен луксузен рисорт, каде што тајно размениле завети.

Актерката (59) беше скршена од тага на почетокот на август кога фотографот со кого беше во врска осум години почина на 57-годишна возраст од АЛС (амиотрофична латерална склероза).

Брајан – угледен фотограф и поранешен модел – последните три години ги помина тивко водејќи битка со ретката невролошка болест, која предизвикува оштетување и губење на моторните неврони во мозокот и ‘рбетниот мозок.

„Дејли мејл“ цитира анонимни извори дека холивудската икона размислува да се збогува со Брајан во Three Bees на Бахамите, каде што очигледно сака да ја расфрли неговата пепел во морето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e