Салма Хаек тврди дека нема силикони и градите сами ѝ растат

Актерката Салма Хаек е во шестата деценија, а нејзиниот изглед никого не остава рамнодушен. Неа годините не ѝ можат ништо, а многумина коментираат дека изгледа како девојка.

Но, покрај комплиментите за изгледот добива и забелешки дека вградила силикони. Сепак, актерката се обиде да ги смири своите обожаватели објаснувајќи дека имо поизразено деколте од порано, но дека не била подложена на никаква хируршка процедура.

Имено, како што истакнала, нејзините гради последниве години доста отекле, како еден од симптомите на менопауза.

– Многумина велеа дека ги зголемив градите и не ги обвинувам! Градите ми беа помали! Како и остатокот од моето тело. Но, тие само продолжија да растат. И мојот грб навистина страда од тоа. Ретко кој зборува за тоа – изјави Хаек во емисијата Red Table Talk.

Таа претходно ја откри тајната на витката линија, а не станува збор за тренинзи.

– Немам време за вежбање. Работам. Работам со една жена во Лондон која ме научи како да го држам моето тело за мускулите да се активираат во текот на денот. Така, дури и кога ги четкате забите, работите на вашите мускули – објаснила актерката во 2020 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e