Јелена Розга е една од најпопуларните пејачки на Балканот. Својата музичка кариера ја започна далечната 1996 година со групата „Магазин“ и набрзо стана вокал што сите сакаат да го слушаат.
Таа го оствари својот музички сон, а оваа година ѝ донесе и многу убави моменти. Како што вели, не сака оваа година да помине бидејќи ѝ донела многу добри работи.
„Некако знам дека луѓето одвај чекаат да помине годината, но сепак не го пуштам ова чувство, се` уште уживам во мојот сон. Годинава излезе и мојот акустичен албум во кој ги истурив сите мои емоции и го подарив на себе и на мојата публика. Насмеана и среќна, оваа година заминувам и со нетрпение ја очекувам новата“, изјави пејачката за „Јутарњи.хр“ и истакна што за неа беше особено емотивно во 2022 година: