Роналдо заработува по 2 милиони евра за една објава на Инстаграм

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо ја надмина старлетата Кајли Џенер и стана позната личноста со најголема заработувачка на социјалниот медиум Инстаграм.

Имено, спортската легенда заработува нешто повеќе од 2.138.000 евра за спонзорирана објава на Инстаграм, а старлетата заработува нешто повеќе од 1.641.000 евра. Меѓу другото, Роналдо ја рекламира спортската веб-страница „ЛајвСкор“, брендот „Терабоди“ и криптовалутата „Бајненс“ на неговиот инстаграм-профил.

Трет на листата со познати личности кои најмногу заработуваат на Инстаграм е аргентинскиот фудбалер Лајонел Меси, кој заработува и до 1.584.000 евра за спонзорирана објава на неговата платформа. Тој е втората најследена ѕвезда на апликацијата, со 479 милиони следбеници, и има споделувано платени објави за „Адидас“ и „Будвајзер“.

Четврта на листата е пејачката Селена Гомез, а зад неа е актерот Двејн Џонсон.


Фудбалерот е атрактивно име за маркетинг на Инстаграм бидејќи има 597 милиони следбеници, што е најмногу на оваа социјална апликација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e