Познатиот португалски таблоид “Correrio Da Manha” објави дека славниот фудбалер Кристијано Роналдо ја прекинал врската со поранешната шпанска мисица Десајр Кордеро.
Наводно, Роналдо бил лут бидејќи сметал дека таа само го искористувала, па решил да стави крај на врската која започнала на почетокот на октомври.
Таблоидот пишува дека Роналдо имал искрени емоции кон сексапилната мисица, но сметал дека таа е со него само поради слава и внимание.
Врската наводно требало да остане во тајност, но кога се појавија информациите во медиумите, почнало да расте нетрпението на фудбалерот.
Поради тоа, Роналдо решил да ја прекине врската, но и секој друг контакт со атрактивната Кордеро.