Роби Вилијамс призна дека има пореметување

Британскиот пејач Роби Вилијамс признал дека има пореметување кое предизвикува измислени мани на неговиот телесен изглед.

Имено, тој зборувал за актуелната борба со дисформија после козметичките зафати, пренел Дејли Мејл.

Музичарот зборувал за губењето на тежина откако фановите забележале дека тој е видно ослабен на видеото кое го објавила неговата сопруга Ајда Филд.

Вилијамас на Инстаграм објавил цртеж на кој се прикажани два лика од кои еден говори дека „заминал“ предалеку, а вториот „дека бил благословен“.

На фотката исто така напишал дека му е „идеална тежината“ онаа поради кои луѓето се загрижени.

„Имено, ако се појави дух и каже дека твојата супермоќ може да биде ако леташ или да јадеш што сакаш и да останеш на истата тежина, јас би ја избрал втората опција“ – рекол познатиот Британец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e