Рита Ора ќе глуми во новата верзија на „Оливер Твист“

Поп пејачката е во преговори за улога во новиот филм инспириран од истоимената книга „Оливер Твист“. Нејзе понудено ѝ е да глуми лик базиран на ситниот криминалец и коцкар Артфул Доџер, додека за Адел се шпекулира дека ќе ја игра Ненси, а Ајс Кјуб да заблеска во улогата на криминалецот Фагин.

Според непотврдени извори надежната актерка Рита Ора, која претходно имаше успешно појавување во трилогијата „Педесет нијанси сиво“ го привлекла вниманието на продуцентите кои биле импресионирани од нејзината глума, па ја поканиле да се појави во новата екранизирана верзија на делото од Чарлс Дикенс.
И додека нејзината музичка и модна кариера е во пауза, Рита почна сè повеќе да се посветува на актерството. Според истиот извор таа се надева дека со оваа улога ќе докаже дека е сериозна актерка и ќе ѝ се отворат вратите кон Холивуд.

Филмот кој од 2017 година се најавува дека ќе се снима, ќе биде сосема поинаков од оригиналот и е најавен како високобуџетен проект со сериозни актерски имиња засилени од некои музичари како Рита Ора, Адел и Ајс Кјуб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e