Ријана ќе настапи на полувремето на Супер Боул

Ријана ќе биде главниот забавувач на спектакуларниот концерт на полувремето на Супер Боул следната година во февруари, објави во неделата Apple Music, главниот спонзор на мега настанот.

„Ријана ќе биде на сцената на 12 февруари 2023 година во Глендејл, Аризона за финалето на НФЛ, најгледаниот телевизиски настан во САД“, беше објавено на профилот на Твитер на Apple Music.

На истиот профил како илустрација е објавена фотографија од американската пејачка, чии хитови се „Umbrella“ и „Diamonds“, во која држи топка од американски фудбал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e