Разузданиот Том Круз

Актерот Том Круз има три приватни авиона со кои низ светот ги превезува справите за вежбање. Не може човекот да вежба во гужва.

Соработник на 54-годишниот актер посочил дека денот на Том Круз се состои од сциентологија, вежбање и планирање на проекти.

Наводно Круз секој ден вежба по 90 минути, а не оди во теретана затоа што сака приватност. Кога патувал, ги носел и своите 15 справи со приватен авион, кои му ги пакуваат и распакуваат 10 лица.

Луѓе што го познават изјавувале дека Том Круз мисли дека го надраснал Холивуд, а дека сциентолозите го третираат како да е месија, а тој и така почнал да се однесува.

Круз сака и да држи мотивациски говори, па така дошол да и помогне на пријателката Викторија Бекам кога ја завршувала новата модна линија. Имале состанок, кога во просторијата влегол Круз облечен во црно и со очила на глава. Ги раширил рацете и почнал да проповеда. Поразговарал со секој вработен посебно, климал со главата и им ги стискал рацете.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e