Раперот Стефан Ѓуриќ Раста успеа да ја шокира јавноста со нова објава на социјалната мрежа ТикТок, објавувајќи видео со својот споменик, со што откри дека си купил гробница.
Имено, Раста се снимал себеси на гробишта за ТикТок, а на следбениците им открил дека не изнајмува ништо, дури ни гробно место, а она што дополнително ги стаписало фановите на раперот е фактот што гробно место го купил за себе.
Како што може да се види на споменикот, презимето Ѓуриќ е веќе врежано, додека местото за фотографијата и датумите на раѓање и смрт се празни.