Неда Украден се појави пред основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, каде дојде да им оддаде почит на жртвите кои вчера трагично ги загубија животите во страшната престрелка.
“Да не се повтори. Страшна трагедија, се молам на Бога нашите деца и родители никогаш да не го доживеат ова. Искрено сочувство до семејствата на починатите, бабите и дедовците, роднините. Ова е навистина страшно”, рекла расплаканата Неда, пренесе Телеграф.
Пејачката запалила свеќа и оставила цвеќе пред училиштето, а потоа натажена си заминала дома со ќерката.