Рада мета на потсмев, затоа што не им верува на лекарите!

Целото семејство на пејачката Радмила Манојловиќ овие денови е избезумено поради нејзините здравствени проблеми.

Иако сите ја критикуваа поради тоа што во пандемијата таа беше против вакцинацијата, пејачката единствено што не сакала е да го загрози својот имунитет со оглед дека има генетски предиспозиции за најтешки болести.

-Рада е со право преплашена. Нивната мајка имаше канцер на јајниците, се бореше, но не успеа да ја добие битката во 2004 година. Радмила како млада девојка често одеше по болници и разговараше со лекарите, а сите и рекоа дека бара сериозно да прави чести контроли. И нејзината сетра Марија исто така, бидејќи ако нивната мајка имала канцер и двете се во опасност од таа болест, а со тоа целиот живот мора да внимаваат, ова го изјавил извор близок до фамилијата за српски „Свет“.

Истиот овој извор додава дека тие две преживеале секакви ситуации, па не е ни чудно што Рада толку се плаши и не верува во се што зборуваат некои лекари, а поради тоа многумина и се смеат.

Здравјето на српската пејачка е генетски загрозено, а Рада поради тоа стравува од најлошата болест, но во моментот нејзината здравствена состојба е стабилна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e