Рада Манојловиќ најбарана пејачка за ова лето – бара по 7.000 евра од настап

Рада Манојловиќ летово ќе биде една од најбараните поп пејачки, а тоа го потврди и списокот со нејзините закажани настапи.

Девојката со прекрасен глас од Четереже за повеќе од два месеци ќе инкасира 300.000 евра. Имено, на крајот на јуни, како и во текот на јули и август, таа веќе има закажано 43 настапи во клубови и на приватни забави низ различни локации во земјата, регионот, на приморјето и во странство.

Според одредени информации, Рада зема во просек по 7.000 евра по настап, без бакшиш, го полни секој клуб во кој ќе се појави и не чуди што веќе има резервирано толку многу тезги во текот на летото.

Да потсетиме, Рада неодамна беше во центарот на медиумското внимание, бидејќи пееше на свадба во Белград, на која повеќето гости беа од Словенија. Таа направи одлична атмосфера, за што беше одлично наградена. Гостите овојпат биле дарежливи, па целата бина околу неа била послана со бакшиш. Во еден момент се исчистил подот од скршените чаши, а потоа расположените гости земале метла и со неа собрале бакшишот, па повторно го фрлиле на пејачката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e